Првиот човек на фудбалскиот состав Наполи, Аурелио де Лаурентис, постави неверојатна цена од 150 милиони евра за дефанзивецот, Калиду Кулибали, кој е трансферна цел на поголем дел од европските гиганти.
Доколку некој тим се определи да издвои толку пари за црномурестиот дефанзивец на наполитанците, тогаш тоа ќе биде апсолутен рекорд кога станува збор за трансфер на одбранбен фудбалер. Самиот Кулибали кој настапува со Сенегал на Купот на африканските нации, изјави, дека не е сигурен дали ќе остане во Италија.
„Сега сите зборуваат за мене, но, јас размислувам само за настапите со селекцијата на Сенегал. Имам желба да се израдувам на пехарот“ – изјави Кулибали кој во изминатата сезона настапи на 48 натпревари со ефект од два гола и една асистенција.