Новото засилување на Тотенхем, Дејан Кулушевски, призна дека менаџерот Антонио Конте е една од причините поради која се преселил во лондонскиот клуб.
Крилниот напаѓач зборуваше и за искуството во италијанскиот фудбал во дресот на Аталанта, Парма и Јувентус.
„Среќен сум што сум тука. Значајно е да се забавувате кога играте. Се преселив во Аталанта кога имав само 15 години. Беше забавно и тешко. Сепак, искуството беше фантастично и се сеќавам на се од тој период. Поминав една година во Парма, ми требаа само неколку дена да се чувствувам удобно“ – вели новиот играч на англискиот состав.