Напаѓачот на Јувентус, Дејан Кулушевски, кој има корени од Македонија, ќе се бори за наградата –„Златно момче“.
Италијанскиот – „Тутоспорт“, ја објави листата од 20 млади фудбалери која ја предводат играчите на Борусија Дортмунд, Ерлинг Халанд (Норвешка) и Џејдон Санчо (Англија). На неа меѓу фаворитите се ставени и Алфонсо Дејвис и Едуардо Камавинга.
Тие се најсериозни кандидати за да го наследат Жоао Феликс од Атлетико Мадрид кој беше најдобар млад фудбалер за изминатата година. Кулушевски покрај за Јувентус настапува и за селекцијата на Шведска.