Напаѓачот на Тотенхем, Дејан Кулушевски, кој има потекло од Македонија, не е задоволен како се одвиваат мечевите во Премиер лигата. Неговиот тим на 9 средби по ред прв прима гол а потоа се измачува да остане непоразен.
„Едноставно не може да ги стартуваме натпреварите на тој начин. Ако сакаме да бидеме голем тим, мора да започнеме да играме фудбал од првата минута“ – вели Кулушевски.
„Мора да покажеме резултат на теренот. Мора да процениме што ни се случува во воведот од натпреварите“ – беа зборовите на напаѓачот на „спарси“