Медиумите од Шпанија тврдат дека тренерот на фудбалерите на Барселона, Роналд Куман, побарал од челниците во јануарскиот преоден рок да му обезбедат врвен голгетер.
Најреална опција е ангажман на Мемфис Депај од Лион иако главна цел на Холанѓанецот е фудбалерот на Интер, Лаутаро Мартинез, кој сеуште ја нема продолжено соработката со калчо-лигашот.
Иако постои можност Каталонците да се насочат и кон друг фудбалер, медиумите веруваат дека Депај и Мартинез се приоритет.

