Селекторот на Холандија, Роналд Коман, призна дека преговара со Барселона и дека би бил среќен да стане тренер на каталонскиот тим.
„Да, би сакал да ја водам Барса, но нема ништо конечно. Потписите сè уште не се ставени. Дотогаш, не можам да кажам ништо од почит“, беше кратката изјава на Куман за шпанските медиуми.
Куман е во Цајст, базата на националниот тим на Холандија и преговара за раскинување на неговиот договор. Во Холандија и Шпанија, нема сомнение дека поранешниот дефанзивец ќе биде новиот тренер на Барселона.
57-годишниот Куман помина шест сезони на „Камп Ноу“ во својата кариера и токму неговиот гол го донесе првиот трофеј од КЕШ во историјата на клубот.