Новиот тренер на Барселона, Роналд Куман, кажа неколку зборови во однос на ситуацијата со Луис Суарез откако беше одиграна синоќешната контрола со Џирона, а победија со 3:1.
Уругваецот повторно не беше вклучен во составот на екипата, но продолжува да тренира со тимот. „Разговарав со него за неговата иднина и очекуваме да видиме дали тој ќе остане или не. Ако на крајот остане, тој ќе биде дел од тимот“, изјави Роналд Куман.
Јасно е дека на „Камп Ноу“ очекуваат Луис Суарез да најде нов клуб, а исто така е важно фудбалерот и Каталонците да се договорат околу финансиите. Доколку Суарез остане играч на Барса, случајот ќе биде паралелен со оној на Ето од летото 2008 година, кога Пеп Гвардиола сакаше да го избрка, но Камерунецот остана и имаше одлична сезона.