Ѕвездата на Барселона, Лео Меси, откако постигна погодок на вчерашниот меч со Осасуна направи потег со кој му оддаде почит на неговиот сонародник, легендарниот фудбалер Диего Армандо Марадона, кој пред неколку денови почина во Буенос Аирес.
Аргентинецот го соблече дресот за да го покаже другиот што го имаше под него со логото на Њуелс Олд Бојс или клубот во кој играше Диего кон крајот на кариерата. Веднаш по мечот одигран на „Камп Ноу“, тренерот на Барса, Роналд Куман, го искоментира тој момент.
„Се работи заголем играч: прво поради играта и голот и второ поради гестот кон Марадона. Не знаев дека Лео ќе ја направи таа прослава “-истакна холандскиот стратег.

