Селекторот на холандската репрезентација Роналд Куман го коментираше поразот на репрезентацијата во полуфиналето од Лигата на нации од Хрватска (2:4).
„Бев многу задоволен од првото полувреме, но чувствував дека лошо го започнавме вториот дел. Хрватскиот среден ред ја презеде контролата врз играта и тоа ни ја отежна работата, особено по постигнатите голови. Тогаш можеше да се види дека хрватскиот тим долго време игра заедно. Направивме се што можевме. Ги притискавме секогаш кога можевме, но на моменти бевме лежерни. Имаа поголема контрола над топката. И ова беше разликата за мене во текот на целиот натпревар “, изјави Куман на официјалната веб-страница на УЕФА.
Хрватската репрезентација во финалето на Лигата на нации ќе се сретне со победникот од дуелот Шпанија – Италија кој се игра вечерва.