Тренерот на Барселона, Роналд Куман ја коментираше одлуката на клубот да се раздели со уругвајската sвезда Луис Суарез, кој постигна многу клучни погодоци за Атлетико Мадрид од почетокот на сезоната и неговата екипа е со голем апредност на табелата пред конкурентите, Барселона и Реал Мадрид. Холандскиот тренер и легенда на Барселона исто така изјави дека никој на „Камп Ноу“ не му рекол дека е должен да освои трофеј оваа сезона.
„Ние се менуваме и се разбира, ќе беше подобро Луис Суарез да потпишаше со Јувентус наместо со Атлетико Мадрид, бидејќи така тој немаше да биде во шпанската лига. Но, тоа беше одлука што требаше да ја донесеме. Тоа е навистина тешка одлука, но ние покажавме почит кон играчот и мислам дека тоа е многу важно. И јас сè уште се согласувам со она што го сторивме тогаш“, изјави Куман.
„Никој не ми рече: Треба да освоиш нешто. Можеби можеме да го победиме ПСЖ во 1/8 финалето, можеби можеме да влеземе во полуфиналето, но другите клубови се подобри во моментов, тие се поголеми фаворити од нас да освојат нешто големо. Но, Барселона ќе се врати на местото каде што треба да биде секогаш“, заврши Роналд Куман.

