Роналд Куман веќе следната недела ќе замине од позицијата прв тренер на Барселона. Холандскиот стручњак ја загуби поддршката од управата на клубот и ќе добие отказ, но најпрво ќе го води тимот против Атлетико (М) утревечер во дербито на колото во Ла Лига.
Каталонските медиуми пишуваат дека Барселона ќе ја објави одлуката за смена на Куман по натпреварот со Атлетико, а воедно ова ќе биде последен натпревар на кој Куман ќе ја има улогата на главен тренер.
Отпуштањето на Куман ќе ја чини Барселона 12 милиони евра, а каталонскиот гигант веќе преговара со потенцијалните наследници.