Новиот тренер на фудбалерите на Барселона, Роналд Куман, се надева дека Лео Меси ќе остане во тимот и дека ќе ја одработи последната година од договорот.
„Не знам дали ќе треба да го убедувам Меси. Тој е најдобар е во светот. Ќе разговарам со него. Се надевам дека ќе остане тука и во наредните години“ – вели Куман.
„Ќе разговарам со сите играчи а дел од нив ќе треба да донесат одлука. Сега нема да потенцирам имиња“ – нагласи холандскиот тренер на вчерашната промоција како нов стратег на клупата на Каталонците.