Новиот тренер на Барселона, Роналд Куман, планира сериозни промени во составот на Каталонците и тоа би можело да влијае на Ливерпул. Тренерот сака да го привлече неговиот холандски сонародник Жоржињо Вијналдум.
29-годишниот играч од средниот ред има уште една година од договор со Ливерпул и преговорите за негово обновување сè уште не се започнати. Според „АС“, Куман го советувал Вијналдум да не потпишува нов договор за да може полесно да го привлече на „Камп Ноу“. Двајцата работат заедно во националниот тим на Холандија.
По срамното испаѓање на Барселона од Лигата на шампионите по поразот со 2:8 од Баерн, се очекуваа големи промени во клубот. Првото беше назначувањето на Роналд Коман, кој ќе направи и реконструкција на составот. Многумина од клучните играчи се очекува да заминат, за иднината на Антоан Гризман, Луис Суарез, Серхио Бускетс и Жорди Алба е прашање за кое ќе се разговара. Се повеќе се зборува за желбата на Лионел Меси да си замине од клубот.