Дефанзивецот на Манчестер Сити, Ерик Гарсија може да се пресели во Барселона, пишува „Мундо Депортиво“.
Според информациите, Каталонците понудиле 10 милиони евра за 19-годишниот фудбалер, но се уште чекаат одговор од управата на Манчестер Сити.
Гарсија е на врвот на трансфер-желбите на новиот тренер на Барселона, Роналд Куман, кој би можел да стане замена за Жерард Пике, кој во последно време е подложен на сериозни критики и дури рече дека е подготвен да си замине доколку тоа биде побарано од него.
Гарсија е тинејџер на Барселона, но во 2017 година се пресели во Манчестер Сити, каде минатата сезона одигра 14 натпревари во сите натпреварувања.