Холандија вчера славеше против Гибралтар со 3-0 во вториот меч од квалификациите за ЕП а селекторот на „лалињата“, Роналд Куман, вели дека не е задоволен од ефикасноста.
„Не видов доволно голови. Во нападот бевме премногу невнимателни. Ќе треба да подобриме неколку елементи “ – вели Куман.
Неговата селекција во септември ќе ги одмери силите со Грција и Ирска. Во групата лидер е Холандија која има две победи во првите две кола.