Предводникот на Холандија – Роналд Куман, филозофски го прифати поразот со 0:1 на гостувањето кај Германија во Лигата на нации. Тој имаше можност за критики за своите играчи, но не е загрижен и гледа напред, веќе размислува за следниот меч со Унгарија, кој ќе биде многу поважен за „лалињата“ во битката за пласман во четврт-финалето.
„Германците беа побрзи и физички посилни. На многу начини, фудбалот што го прикажавме не беше добар, но тоа не ми пречи бидејќи е типичен за нас. Игравме премногу назад и тоа не беше нашиот план. Требаше да притиснеме повеќе на десното крило, но тоа не се случи. Не знам дали тоа е поради страв или поради недостаток на самодоверба“, истакна Куман.
„Бевме добри во средниот ред и во вториот дел можеше да се види дека на Германија и стана тешко да се прилагоди на нашата игра. Но, тие беа постабилни и поцврсти со топка во своите нозе. Пофалбите се добра работа, но порано не беа толку заслужени, а сега нема потреба од непотребни критики. Ни претстојат важни натпревари и ќе биде доста забавно, нели? Барем ќе играме за нешто“, изјави селекторот на Холанѓаните.

