Тренерот на Барселона, Роналд Куман, вели дека неговиот состав не влегува меѓу фаворитите во новата сезона во Лигата на фудбалските шампиони. Каталонците денеска на стартот на групната фаза ќе се сретнат на „Камп Ноу“ со унгарски Ференцварош во натпревар од групата „Г“.
„Кога сте во Барселона, секогаш сакате да се борите за трофеи, без разлика дали станува збор за Ла Лига или Европа. Ние не сме фаворити, но, можеме да стигнеме далеку“ – вели Куман.
„Знаеме дека дуелот нема да биде лесен бидејќи едноставно нема лесни ривали. Секогаш е значајно да започнете со победа во Лигата на шампионите“ – потенцираше стратегот од Холандија.
