Тренерот на фудбалерите на Барселона, Роналд Куман, пред големото дерби со Реал Мадрид закажано за 24 октомври, потврди дека првиот голман, Тер Штеген нема да може да застане на голот за така нареченото – „Ел Класико“.
„Не верувам дека ќе биде подготвен наредната недела. Треба да бидеме внимателни со неговата повреда, не смееме да ризикуваме. Не знам кога ќе може да се врати на теренот“ – потенцираше Куман.
Пред денешните мечеви во Примера кога Реал Мадрид ќе игра дома со Кадиз а Барса ќе гостува кај Гетафе, „кралевите“ се лидери со 10 бодови додека Каталонците ја имаат петтата позиција со седум бодови и натпревар помалку.