Барселона го загуби првото место во својата група во Лигата на шампионите по тешкиот пораз со 0:3 од Јувентус на „Камп Ноу“.
Ова беше втор последователен неуспех за Каталонците, кои викендов загубија од Кадиз во Ла Лига. Тренерот Роналд Куман ја призна супериорноста на Јувентус и ги коментираше причините за резултатот.
„Мислам дека го загубивме натпреварот во првиот половина час. Направивме лош почеток, со многу грешки во одбраната. Како да не ни беше целта да победима, да не доминираме. Ни недостасуваше агресија на средината на теренот, а Јувентус одигра добро и заслужено победи. Им оставивме премногу слободен простор и во ниту еден момент не го контролиравме натпреварот“, рече Куман.
„Можеме да зборуваме за првиот пенал. Откако беше досуден, требаше да има еден за нас во ситуацијата со Меси. Но, ние сме виновни за поразот. Сепак потсететесе дека ова беше наш втор натпревар со Јувентус, а во првиот победивме со 2:0. Погледнете ја просечната возраст на нашиот тим. Овие млади момчиња добија вредна лекција. Тие треба да играат со поголема самодоверба”, рече Куман и додаде дека видел и некои позитивни работи во перформансите на Барселона.

