Тренерот на фудбалерите на Барселона, Роналд Куман, вели дека е задоволен од играта и победата (2:1) на вчерашниот меч со Реал Сосиедат во рамките на шпанскиот елитен шампионат.
„Првото полувреме беше фантастично, требаше да постигнеме повеќе голови. Одигравме отворен меч“ – потенцираше Холанѓанецот.
„Одигравем одлично во поле без топка. Тоа многу ми се доаѓа. Имавме континуирано притисок и така треба да продолжиме. Реал Сосиедат се покажа како одличен противник“ –потенцираше тренерот на Каталонците.
