Селекторот на холандската репрезентација Роналд Куман зборуваше за претстојниот четвртфинален натпревар од Лигата на нации на УЕФА со репрезентацијата на Шпанија. Средбата ќе се одигра вечерва со почеток во 20:45 часот.
„Шпанците играат брилијантно со топката, имаат одлични играчи од средниот ред. Тимот е способен да игра многу брзо со Ламин Јамал и Нико Вилијамс по крилните позиции. Понекогаш треба да го „паркирате автобусот“ за да ги запрете Шпанците, иако не сакате да го направите тоа. Сакаме да играме со топката на нивната половина и да вршиме притисок напред“, изјави Куман на официјалната веб-страница на УЕФА.
Актуелен победник на Лигата на нации на УЕФА е репрезентацијата на Шпанија. Во финалето на последниот турнир, Шпанците ја победија Хрватска (0:0, 5:4 пен.).

