Тренерот на Барселона, Роналд Куман по поразот од ПСЖ со 1:4 во првиот 1/8 финален натпревар меѓу двата тима на „Камп Ноу“ секако дека не можеше да биде задоволен од ништо во неговиот тим.
„Резултатот не покажува колку беше подобар ПСЖ. Тие беа многу поефикасни од нас. Првото полувреме беше порамноправно и при 1:0 Дембеле пропушти голема шанса да зголеми на 2:0. Во второто полувреме имавме многу повеќе проблеми во одбраната. ПСЖ покажа дека тие се физички супериорни од нас. Мора да признаеме дека тие беа подобриот тим во второто полувреме. Беше очигледно дека имаат покомплетен состав и мора да го прифатиме тоа. Вакво нешто може да се случи затоа што се соочивме со многу силен противник – физички и во смисла на искуство. Всушност, тие нè надиграа на многу начини“, рече Куман.
Холанѓанецот призна дека шансите на неговиот тим се мали на реваншот со овој резултат.
„Можам да ве лажам, но вистината е дека со 1:4 нашите шанси на реваншот не се големи. Овој натпревар покажува колку треба да подобриме за да го достигнеме потребното ниво за Лигата на шампионите”, додаде Роналд Куман.