„Баерн Минхен во моментов е подобра екипа од нас, има голема разлика во кавлитетот на фудбалерите“ – изјави тренерот на Барселона, Роналд Куман, по вчерашниот пораз на домашен терен во Лигата на шампионите.
„ Заслужено не победија. Мечот го завршивме со неколку млади играчи кои имаат по 18 години. Навивачите треба да ја согледаат нашата ситуација. Верувам дека работите ќе се менуваат- вели Холанѓанецот.
Барселона вчера направи неславен рекорд откако за првпат во историјата не упати шут во рамките на голот на противникот.