Новиот селектор на холандската репрезентација Роналд Куман , кој претходно беше на чело на Барселона, го сподели своето мислење за трансферот на холандскиот напаѓач Мемфис Депај од каталонскиот клуб во Атлетико Мадрид.
„Среќен сум со овој трансфер. Мемфис не беше задоволен од својата ситуација во Барселона, му беше непријатно, а сега ќе ја добие потребната минутажа што ќе му овозможи да ја достигне својата најдобра форма“, изјави Куман за „Мундо Депортиво“.
Да потсетиме дека Мемфис Депај се пресели во Атлетико Мадрид на 20 јануари. Договорот на 28-годишниот напаѓач со мадридскиот клуб е на две и пол години. Атлетико Мадрид постигна 31 поен на 18 натпревари и е четврти во шпанската Ла Лига каде лидер е Барселона со 44 бода.