Селекторот на Холандија, Роналд Куман, сосема природно беше разочаран по поразот од Англија со 1:2. Така „лалињата“ испаднаа на чекор од финалето на ЕУРО 2024 година.
„Англија ни задаваше проблеми во средината во првото полувреме. Не можевме да контролираме како се движат Белингем и Фоуден. На паузата доведов повеќе играчи во средината и успеавме да се израмниме. Тоа го почувствував во последните 20-25.Бевме посвежи, но тие постигнаа одличен гол на крајот и тоа е дел од фудбалот, можеби заслуживме да одиме во продолженија, но што да правиме, јас сум горд на нашите играчи, бидејќи имавме одличен турнир. Разочаран сум од резултатот. Почнавме добро на почетокот и постигнавме гол, но потоа дојдоа проблеми во средниот ред што им овозможи на опасните играчи како Фоуден и Белингем да ја преземат контролата. По промените на полувремето успеавме да ја вратиме контролата и во последните 20 минути верувавме дека можеме дури и да победиме, но тогаш постигнаа гол и тоа во самиот финиш“ изјави Куман.
„Верувам во иднината на овој тим. Тој може да направи многу повеќе и имаме други играчи кои треба да ги доведеме. Работевме напорно и создадовме силна врска меѓу нас. Бевме блиску до финалето, горд сум на тимот. Чави исто така, одигра силен натпревар, тој секогаш работи напорно за него и верувам дека има голема иднина“ заврши селекторот на Холандија.