Тренерот на фудбалерите на Барселона, Роналд Куман, вели дека е задоволен од вчерашната минимална победа против Валјадоли во рамките на Примера Дивизион иако неговиот состав одигра под очекувањата.
„Започнавме слабо и не ја контролиравме играта како што сакавме. Покрај тоа, не притиснавме доволно добро. Во вториот дел ја променив шемата и работите драстично се подобрија” – рече Куман .
„Противникот навистина играше одлично во одбраната. На крајот имавме и малку среќа за да го постигнеме голот за победа. Во животот ништо не е лесно. Мораме да бидеме задоволни“ – вели стратегот од Холандија.
