Поранешниот аргентински напаѓач Серхио Агуеро отпатува во Катар на Светското првенство во 2022 година со ист авион со навивачите од Бразил.
Поранешниот напаѓач објави видео на социјалните мрежи под кое напиша: „Целото патување беше вака“.
„Одам во Катар, но како навивач. Имам одличен однос со сите луѓе во репрезентацијата, но не се гледам себеси во стручниот штаб и со играчите секојдневно. Имав разговор со Меси, тој и Скалони ми дадоа идеја што сакаат од мене. Ги замолив малку да размислам за тоа, а потоа реков дека не сум подготвен за тоа. Ќе бидам достапен на секој настан поврзан со репрезентацијата на Аргентина како амбасадор, но не сакам да бидам одговорен за тимот на дневна основа“, изјави Агуеро за „Мирор“.