Фудбалскиот состав Барселона денеска го претстави првото летно засилување, Серхио Агуеро, кој во изминатите 10 сезони играше одлично за Манчестер Сити и успеа да стане рекордер со 260 голови на 390 мечеви.
Аргентинецот ќе потпише соработка со каталонците за две сезони а во неговиот договор ќе стои откупна клаузула од 100 милиони евра.
Агуеро на тој начин ќе се врати во Примера Дивизион бидејќи во периодот од 2006 до 2011 година одигра 175 средби за Атлетико Мадрид на кои постигна 74 голови.

