Дефанзивецот на Севиља, Жил Кунде , кој е во сферата на интересите на Барселона и Челзи, одлучи да одбие преселба во шпанскиот клуб за да ја продолжи кариерата во англиската Премиер лига.
23-годишниот Жил Кунде се пресели во Севиља летото 2019 година од Бордо за 25 милиони евра. Сезонава на 20 натпревари од шпанското првенство дефанзивецот имаше една асистенција. Тој исто така постигна еден гол на три натпревари од Купот на Шпанија.
Договорот на Кунде со Севиља истекува во 2024 година, а неговата пазарната вредност се проценува на 60 милиони евра.