Дефанзивецот на Севилја, Жил Кунде е се поблиску до преселба во Челзи откако ги договорил личните услови со лондонскиот клуб.
Весникот „АС“ тврди, дека трансферот на „Стемфорд Бриџ“ е многу блиску до релизација иако англичаните и шпанците допрва треба да ги прецизираат деталите.
23-годишниот Кунде е стандарден француски репрезентативец а трансферот би требало да изнесува околу 65 милиони евра.

