Барселона го објави составот на тимот за натпреварот од 3. коло од Примера со Ваљадолид. На списокот на играчи објавен за оваа средба се најде францускиот дефанзивец Жил Кунде.
Да потсетиме дека Кунде се пресели во Барселона на крајот на јули од Севиља за 50 милиони евра и остана единствениот летен дебитант кој каталонскиот клуб не можеше да го пријави за оваа сезона. Беше објавено дека на Барселона и се потребни дополнителни 20 милиони евра за да го внесе Жил Кунде во тимот.
Натпреварот од 3. коло на шампионатот на Шпанија Барселона – Ваљадолид ќе се одигра денеска на стадионот „Спотифај Камп Ноу“ во Барселона. Средбата започнува во 19:30 часот.