Матеуш Куња треба да помине медицински прегледи пред да се финализира неговиот трансфер во Манчестер Јунајтед. Неговиот сегашен клуб Вулверхемптон веќе даде зелено светло за договорот откако двата клуба се согласија да ја платат клаузулата за ослободување на бразилскиот напаѓач од 62,5 милиони фунти.
„Црвените ѓаволи“ првично сакаа цената да биде поделена на пет години, но сега се согласија на тригодишен договор.
Според „Скај Спортс“, Куња е заинтересиран да се приклучи на Манчестер Јунајтед и покрај тоа што клубот нема да игра во Европа следната сезона.
Напаѓачот импресионираше минатата сезона, постигнувајќи 17 гола и имајќи шест асистенции во 34 настапи.
Дополнително, Манчестер Јунајтед е во последната фаза од преговорите за потпишување на Лиам Делап од испаднатиот Ипсвич Таун.

