Денеска беа одиграни натпреварите од 1. коло на фудбалскиот Куп на Македонија. Прволигашите успеаја да ја минат првата пречка и во најголем дел да обезбедат место во втората рунда од натпреварувањето. Најтешко мина Вардар, кој на гостувањето кај Беса одигра 1:1, па по подоброизведување на пенали успеа да се пласира во следната фаза.
Јанг Тим – Победа 0-0 (4-3 пен.)
Новаци – Брегалница 0-8
Башкими1947 – Скопје 1-1 (4-3 пен.)
Арсими – Тиквеш 1-2
Кожув – Брера 0-2
Карбинци – Воска Спорт 0-10
Охрид – Детонит Плачковица 2-0
Беласица – Гостивар 0-0 (0-3 пен.)
Коњаре – Шкупи 0-8
Беса 1976 – Вардар 1-1 (4-5 пен.)
Тетекс – Работнички 0-3
Влазерими – Пелистер 0-4