Денеска со ждрепка беа одредени и двојките за осминафиналето на фудбалскиот Куп на Македонија. Актуелниот освојувач на трофејот, Македонија ЃП во оваа фаза за противник го доби Вардар, па навивачите ќе имаат можност да проследат едно интересно скопско дерби во кое улогата на домаќин ќе ја има Вардар.
Во останатите дуели ќе играат:
Брегалница – Јанг Тим
Работнички – Шкендија
Силекс – Башкими
Пелистер – Тиквеш
Брера Струмица – Гостивар
Шкупи – Охрид
Воска Спорт – Струга ТЛ
Ќе се игра само еден меч на 25 октомври, по што победниците одат во четвртфиналето.