Последните два меча до големото финале од Купот на Македонија се на програмата попладнево. Последната битка до мечот на 20 мај во Скопје денеска ќе се води во Битола и Струга.
Пелистер на домашен терен го пречекува Силекс кој експресно ќе се врати во елитата следната година, но ќе има шанса со победа денеска да се бори и за нов Куп. Битолчани, пак, следната сезона ќе се преселат во Втората лига, но тоа нема да ги спречи денеска да се обидат да дојдат до победата и место во мечот кој може да ги однесе до пласман и во европските купови.
Вториот меч се игра во Струга каде гостува фаворитот Македонија ЃП. Со оглед на тоа што се игра само еден меч и овде се може да се очекува. Струга е одлична пред своја публика и веројатно ќе ги фрли сите карти на овој меч за пласман во големото финале.
КУП НА МАКЕДОНИЈА
ПОЛУФИНАЛЕ:
16.00 Пелистер – Силекс
16.00 Струга ТЛ – Македонија ЃП