Селекторот на египетската репрезентација, Ектор Купер најверојатно ќе биде отпуштен од функцијата по завршувањето на Светското првенство, објавија најтиражните египетски весници.
Египќаните останаа практично без шанси за пласман во втората фаза на СП, откако претрпеа два порази на стартот на првенството. Последниот меч на првенството со С. Арабија се чини нема да има никакво значење, доколку денеска Уругвај слави над С. Арабија во мечот од 2. коло во групата „А“.