Фудбалската федерација на Македонија потврди дека целиот приход од продажбата на билетите од претстојниот дуел против репрезентацијата на Велс, кој Македонија го игра во вторник на Арената Тодор Проески од 20:45 часот, ќе оди за настраданите во трагедијата во Кочани.
Информацијата за ваквата одлучка на раководството на ФФМ пристигна уште вчера со изјава на претседателот Масар Омерагиќ, а истата сега добива и на официјализација преу социјалните мрежи. Сите фанови на македонската фудбалска репрезентација ќе можат да набават билети и деновиве на патформата на ФФМ.

