Голманот на фудбалскиот состав Реал Мадрид, Тибо Куртоа, вели дека паузата поради пандемијата со Kовид-19 била на некој начин добредојдена за неговиот клуб бидејќи Еден Азар успеал да се опорави и да му се стави на располагање на тренерот, Зидан.
„Азар се врати во многу добра форма и мора да кажам дека навистина сум изненаден од него. Влегува во препознатливиот ритам, може да се види дека е во фантастична форма и навистина може многу да ни помогне во битката за титулата“ – вели голманот на „белите“.
„Мечевите до крајот на сезоната ќе ги играме на теренот кој го носи името на легендата, Ди Стефано, најдобриот играч во историјата на Реал Мадрид. Ќе биде навистина убаво да ја освоиме титулата на тој стадион“ – потенцираше Куртоа.