Фудбалерите на Реал Мадрид доцна синоќа загубија на теренот на Барселона со 2:1 по што заостануваат големи 12 бодови во однос на Каталонците во трката за шампионската титула.
Математика вели дека Барса речиси сигурно ќе биде шампион на Ла Лига бидејќи е тешко за очекување дека Реал ќе ја надополни негативата во последните 12 кола. Тоа на некој начин го потврдува и изјавата на голманот на „белите“, Тибо Куртоа.
„Мора да сме искрени и реални. Барса има четири меча предност така да тешко дека ќе ја одбраниме Ла Лига. Можеме да ја освоиме Лигата на шампионите и Кралскиот куп“ – рече интернационалецот од Белгија.