Тибор Куртоа од селекцијата на Белгија е прогласен за најдобар голман на 21 фудбалски Мундијал кој денеска заврши во Русија со триумф на селекцијата на Франција.
Наградата -„Златна ракавица“ која ја доделува „Адидас“, заврши во рацете на чуварот на мрежата на „црвените ѓаволи’ кој беше еден од најзаслужните што неговата репрезентација на крајот го освои бронзаниот медал.
Куртоа прими 6 голови на седум средби или во просек 0,86 по меч а неговата репрезентација забележа историски успех бидејќи прв пат се искачи на третото место на Мундијалите.