Голманот на Реал Мадрид, Тибо Курта, проговори за младиот 18-годишен Бразилец, Ендрик, кој во текот на летово им се приклучи на „кралевите.
„Не е многу висок но, има многу силни нозе. Тој е малку како Еден Азар кога го сретнав во Челзи. Можете да го удирате а тој ќе остане да стои. Има многу моќ во неговиот шут“ – вели Белгиецот.
„Пред се мислам дека треба малку да се смири. Не знам дали е малку нервозен. Мислам дека се ќе се среди“ – изјави голманот на шпанскиот и европскиот шампион.

