Голманот на Реал Мадрид, Тибо Куртоа ги сподели впечатоците од 100-от натпревар во шпанското првенство. Да потсетиме, средбата со Алавес заврши со убедлива победа на Реал Мадрид со 4:1.
„Прв натпревар и прва победа! Овој натпревар беше посебен за мене, го одиграв 100-от натпревар во шпанското првенство облечен во дресот на најдобриот клуб во светот“, напиша Куртоа на својата страница на Твитер .
Primera jornada y primera victoria! Especial para mi por ser el partido 100 en Liga vistiendo esta camiseta y representando al mejor club del mundo! #HalaMadrid pic.twitter.com/5IB2inLsTf
— Thibaut Courtois (@thibautcourtois) August 14, 2021
Да потсетиме, Тибо Куртоа ги брани боите на Реал Мадрид од 2018 година, кога се пресели од Челзи. Договорот на голманот со мадридскиот клуб трае до 2024 година. Трансфермаркт ја проценува вредноста на голманот на 60 милиони евра. Куртоа претходно играше за Челзи и Генк.
Во следното коло од шампионатот на Шпанија, Реал ќе се сретне со Леванте. Натпреварот ќе се одигра на 22 август во Валенсија на стадионот „Сиудад де Валенсија“.

