Тибо Куртоа кој ја пропушти речиси целата сезона во Реал Мадрид поради потешка повреда, вели дека е задоволен од настапот на неговата замена на гол-линијата.
„Мислам дека Андреј Лунин имаше одлична сезона и мораме да му се заблагодариме“ – изјави Белгиецот и проговори како се чувствувал во изминатата сезона.
„Беше многу долга и тешка. Јас сум многу благодарен за поддршката од моите соиграчи, медицинскиот персонал, тренерите и навивачите’ – вели Куртоа кој нема да се појави на претстојното ЕП во Германија.

