Голманот на Реал Мадрид, Тибо Куртоа и новото засилување Еден Азар го убедуваат тренерот Зинедин Зидан и раководството на тимот за да го привлечат Н’Голо Канте на „Сантијаго Бернабеу“ во јануарскиот преоден рок, тврдат медиумите во Шпанија.
Тие беа прилично убедливи дека овој скромен француски репрезентативец во моментот недостасува на нивната екипа. Тимот има проблеми во својот среден ред и според нив Канте би бил идеално решение за овој проблем.
Но, бидејќи летниот трансфер период е веќе завршен, таков договор може да се случи дури јануари. Сепак, сè уште не е јасно дали Зизу и Флорентино Перез ќе ги слушаат советите на двајцата свои фудбалери, сепак не е исклучена тоа.