Голманот на Реал Мадрид, Тибо Куртоа и играчот од средниот ред Федерико Валверде се повредија за време на натпреварот против Барселона во вчерашното „Ел Класико“ во Ла Лига. Реал славеше со 2:1 во најважниот меч во сезоната, но данокот го плати со две повреди.
Валверде се појави на теренот во вториот дел, но 20 минути по влегувањето беше заменет поради повреда. Фудбалерот има повреда на коленото.
Куртоа имаше проблеми со десната нога во обид да расчисти една топката во својот шеснаесетник. И двајцата денеска ќе бидат подложени на дополнителни прегледи.