Голманот на фудбалскиот состав Реал Мадрид, Тибо Куртоа, ја надминал повредата и тренираше со другите од тимот, објавија денеска шпанските медиуми.
Чуварот на мрежата кој пред извесен период го напушти таборот на белгиската репрезентација, ќе може да се појави на саботиот меч против Кадиз во Примеа Дивизион.
Тренерот, Зинедин Зидан, ќе се консултира со лекарите и ќе одлучи дали Куртоа ќе започне од првата минута или ќе остане на клупата за резерви.