Голманот на Белгија, Тибо Куртоа, по вчерашната елиминација на Светското првенство во Русија, вели дека Франција играла анти-фудбал. Единствениот гол на мечот го постигна Умтити и тоа по центар-шут од аголот на игралиштето.
„Нивниот напаѓач секогаш беше на 30 метри од нашиот гол, нешто што никош не сум го доживеал во Челзи. Подобро да загубевме од Бразил, од тим кој се обидува да игра фудбал и кој може да биде подобар од нас“ вели голманот на Белгија.
„Франција не е подобра од нас и затоа пораз не е реален. Разликата беше направена од еден случаен момент. Едноставно кажано, тие играа анти-фудбал,“ вели еден од најдобрите голмани на денешницата.