Фудбалскиот состав, Реал Мадрид, ќе се обиде да го купи голманот на Челзи, Тибо Куртоа, кој на СП во Русија ја доби наградата од „Адидас“ – „Златна ракавица“, која му се доделува на најдобриот голман на еден Мундијал.
Куртоа во силна конкуренција ја доби трката со Уго Лорис и Џордан Пикфорд откако прими само 5. голови. Според извори блиски до шпанскиот гигант, „кралевите“ се на добар пат да ја остварат целта бидејќи и самиот голман нема намера да ја продолжи соработката со „сините“ од Лондон.
Засега не се споменува трансферната сума, но, јасно е дека Реал Мадрид нема да штеди за да ангажира врвен чувар на мрежата.