Голманот на Реал Мадрид, Тибо Куртоа предупреди дека победата од 3-1 на теренот на Челзи не значи автоматски и пласман во полуфиналето во Лигата на фудбалските шампиони.
„Започнавме добро против екипа која игра многу интензивно. Создававме ситуации, погодивме греда а потоа промашивме уште две шанси“ – вели белгискиот интернационалец.
„Не треба да мислиме дека работата е завршена. Се надевам дека со поддршка од навивачите уште еднаш ќе победиме“ – изјави Куртоа по вчерашната победа во Лондон.