Голманот на Реал Мадрид, Тибо Куртоа, изрази надеж дека неговиот тимски колега од репрезентацијата на Белгија и поранешен соиграч во Челзи Еден Азар, кој е силно поврзуван со трансферот на „Сантијаго Бернабеу“, ќе пристигне во неговиот сегашен клуб.
„Азар е еден од моите најдобри пријатели во фудбалот. Не знам дали ќе потпише за Реал Мадрид или ќе остане во клубот каде што во моментов игра. Секој избира што да прави со својот живот и кариера. За мене, тој е еден од најдобрите во светот, и како пријател, јас би сакал да дојде овде”, изјави поранешниот голман на Челзи за медиумите во Мадрид.